Невладина организација Еко Партнерс
ВОВЕД
Невладината организација Еко Партнерс е невладина, непартиска и непрофитабилна организација со своја визија и мисија, формирана со слободно здружување на граѓани, заради остварување на заштита и усогласување на своите интереси и уверувања како и остварување на дејности и активности за подобрување и унапредување на екологијата, туризмот, органското производство и истражувачка дејност.
Од основањето НВО Еко Партнерс е активен чинител кој придонесува за развој на туризмот и развивање на еколошка свест во општеството.
Својата мисија Еко Партнерс ја адаптира според своето ниво на раст и развој и следствено го проширува својот делокруг на делување. Нашата мисија е подигање на нивото на еколошката свест и подобрување на статусот на туризмот преку зајакнување на екотуризмот и руралниот туризам во Македонија преку домашна, регионална и меѓународна соработка.
НВО Еко Партнерс се залага за остварување на својата визија и мисија за остварување на своите стратешки цели и предвидените програмски приоритети.













