Форум за еко туризам преку регионални практики

Спроведен 2024 година

Донатор – Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ,Компанија – Бучен Козјак, Компанија Елс Логистик-Скопје, Компанија Нула Отпад

Цел на проектот, На Форумот еминентни професори и експерти се осврнаа на екотуризмот кој е еден од најбрзорастечките сектори во туристичката индустрија, со годишна стапка на раст од 20-34%,и екотуризмот придонесува за зачувување на биолошката разновидност и промовира одржлив развој во локалните заедници. На 5 -ти Форум и на предвиените панели земаа учество еминентни професори и експерти на полето од екотуризмот и руралниот туризам кој извршија позитивно влијание во изминатите години за негово регионално етаблирање и развој .Туризмот претставува моќна економска гранка која може значително да допринесе во стабилизирање и раст на македонската економија во следната декада. Екотуризмот како посебна туристичка форма може да го стабилизира еколошкото еродирање во Македонија ,помогне во подигање на еколошката свест,локалниот економски развој,изградувајќи генерации кои со неговата примена ќе создадат локален економски развој на ниво на останатите земји во регионот.Eко-турите кои најчесто се изведуваат во руралните простори на дестинацијата овозможуваат инволвирање на локалното население и позитивни ефекти врз локалниот економски развој,oва води до отворање на микро и мали семејни бизниси ,на кои се базира секоја економија во светот. Во руралните средини кои се поврзани со туризмот директни учесници се локалните жители користејќи ги природните атракции и ресурси од дестинацијата.

Сподели