Ден на органско производство и форум за еко туризам преку регионални практики

Спроведен 2020 година

Донатор -Министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство ,

3.Цел на проектот- Промоција на Македонија која има потенцијал и идеални услови за генерирање на голем број на зелени туристи кои ја препознаваат Македонија како неоткриена еко туристичка дестинација.Еко туризмот и агри туризмот овозможуваат директен финансиски инпакт на локалните заедници, и туристите сакаат да патуваат и запoзнаат неистражени дестинации и да пробаат локална еколошка храна ,и сето тоа допринесува за дополнителен импакт на микро и фамилијарните бизниси, намалување на миграцијата и нови зелени работни места поврзани со туризмот .
Еко-туризмот во својата суштина го содржи одговорното патување, одржливоста на дестинациите, користење на еколошки норми и стандарди. Ваквиот вид на туризам во последните две децении сѐ повеќе започнал да мотивира туристи да патуваат и истражуваат во дестинации каде тој се практикувал.Промоција на еко-туризмот во Македонија е скапоцена алатка за финансирање на заштитата на осетливите природни области и социо-економскиот развој на локалната заедница во областа и јакнење на соработката на туристичката индустрија и самите туристи.

Сподели