Ден на органско производство и форум за еко туризам преку регионални практики

Спроведен 2019 година

Донатор – Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

3.Цел на проектот-Промоција на Македонија и македонската храна,Македонија има идеални услови за генерирање на голем број на зелени туристи кои ја препознаваат Македонија како неоткриена еко туристичка дестинација,еко туризмот и агри туризмот овозможуваат директен финансиски инпакт на локалните заедници, создавање на микро и фамилијарни бизниси, намалување на миграцијата и нови зелени работни места поврзани со туризмот.

Концептот на еко-туризмот претставува еден од најбрзо растечките сегменти во глобалниот туристички феномен развивајќи се како алтернатива на масовниот туризам овозможувајќи креирање на еколошка рамнотежа на одредени туристички дестинации. Еко-туризмот го поттикнува менувањето на пристапот кон туризмот во голем број на дестинации кои сѐ повеќе создавале одржливост и заштита на животната средина како адут за еко-туристички дестинации.

Сподели